Избор на уредникотМакедонија

Десет години ни ВМРО-ДПМНЕ на Груевски и СДСМ на Заев не успеаа да ги вратат на убијците на македонските деца

Министерството за правда повторно ќе бара осудените во случајот „Монструм, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, да бидат испорачани во Македонија.

„Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово во јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година. На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор. Во постапките, се што беше побарано од косовските власти беше доставено“, тврдат од Министерството за правда.

Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати – во февруари 2016 година и во октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година.

Барањето за нивна екстрадиција се активира откако Апелациониот суд во Скопје донесе пресуда со која ја потврди првостепената одлука за ,,Монструм” со која Демири и Исмаиловиќ се правосилно осудени на доживотна казна затвор. 

Поврзани вести

Back to top button