Избор на уредникотСвет

Четворица загинаа во протести поради објава за пророкот Мухамед на Фејсбук (ВИДЕО)

Илјадници жители излегоа на улиците на Борханудин, во јужна област во Бангладеш, за да протестираат против статусот на Фејсбук, кој наводно го критикувал пророкот Мухамед, јавува Си-Ен-Ен.

„Моравме да пукаме. Немавме други опции“, рече АКМ Ехсанахула, висок полициски службеник во полициската станица Барисал.

Статусот на Фејсбук, кој ги предизвика овие огромни немири, беше објавен во петокот од 25-годишниот Хиндус кој живее во таа област. Неименуваниот човек подоцна и ’кажал на полицијата дека некој ја хакирал неговата страница на таа социјална мрежа и го објавил соопштението.

По веста за ширењето на статусот низ целиот град, разгневената толпа се собрала пред полициската станица во неделата барајќи правда. Полицијата првично немала намера да употреби сила затоа што протестот започнал како мирен протест на граѓаните. Но, по некое време, некои учесници започнале да фрлаат камења и цигли врз полицајците.

Кога околу стотина луѓе се обидоа да влезат во просторијата во која се криеја полицајците, полицајците пукаа со куршуми од воздушна пушка за да се заштитат и да ја распрснат толпата.

„Тие беа скоро внатре. Веќе ги искршија решетките на прозорецот. Поставивме душек на прозорецот за да се заштитиме“, рече Ехсанлахла.

„Користевме куршуми од воздушни пушки кои не се смртоносни, но не бевме во можност да ги растераме“, додаде тој.

Потоа полицијата започнала да користи вистински куршуми.

Поврзани вести

Back to top button