Свет
Бунтовниците го ракетираа главниот град на Саудиска Арабија
Медиуми блиски до бунтовниците во Јемен тврдат дека бунтовници Хути за првпат директно нападнале цел близу Ријад, главен град на Саудиска Арабија.
Според нив, се работи за напад со балистички проектил извршен доцна синоќа кон саудиска воена база западно од Ријад. Проектилот наводно, бил испукан како одговор на војната што Саудиска Арабија ја води против бунтовниците од 2015 година.
Тие најавуваат и други напади.
Саудиските власти демантираа дека е погодена нивна воена база близу Ријад. Во војната во Јемен, владините сили поддржани од коалиција предводена од Ријад и ОАЕ, се борат против бунтовници кои се поддржани од Иран. Бунтовниците имаат контрола врз големи подрачја во Јемен, меѓу кои и главниот град Сана.