Брокулите посилни од карциномот
Веќе долго време се зборува за тоа дека брокулите спаѓаат во групата на најполезниот за нашето здравје зеленчук. Сосема наскоро беа објавени резултати од студија која била посветена на токму на оваа тема и поточно на фактот дека брокулите содржат супстанција која има голема улога во спречувањето на карциномот и во процесот на лекување на оваа болест.
Лековитата супстанција се нарекува сулфорафан и директно влијае на раковите клетки. Досега во неколку наврати експертите тврдеа дека брокулите со своите лековити супстанции го намалуваат ризикот од појава на одредени типови карциногени форми. Овој пат тие успееа да докажат дека сулфорафанот ја лекува острата форма на лимфна леукоза. Овој тип на рак е најразпространет помеѓу децата и во 80% од случаите завршуваат фатално. Но остануваат оние 20% и имено за нив е соодветна терапијата со сулфорафан.
Експертите ја изолирале оваа супстанција од брокулите и со неа обработувале ракови клетки земени од пациенти. Контролниот експеримент бил извршен и со здрави клетки. Супстанцијата ги уништила раковите клетки без при тоа да наштети на здравите.