Избор на уредникот

Божин Павловски: Желботеката на Бугарите е ускладена со желботеките на Албанците и Грците

И колку да е жално и мачно, ќе се инсистира кнедлата да ја проголтаме. Не верувам дека некој ќе покаже милост. Требаше да се размислува пред да се прифатат барањата од Тиранската платформа за кои Венецијанската комисија вели дека го загрозуваат правниот поредок на Европа. А ние ги преточивме и во закони и во практика, вели академикот Божин Павловски во својот пост на Фејсбук.

„Во колумна го молев Заев прво да се направат длабински анализи за последиците, меѓутоа нему му се брзаше. Откако македонскиот народ стана етничка заедница во сопствената држава, откако македонскиот јазик беше декодиран и ставен на пазар во конкуренција со албанскиот кој ќе зрачи од две други соседни држави, требаше да очекуваме ускладување на желбите и барањата кај сите соседи, без исклучок. И Србите за некои работи ќе се предомислат, иако тоа нема да влијае на нашиот пат кон Алијансата и Европа.

Во мигов бугарскиот романтизам за Македонија е до небото. Наспроти реакциите на група разумни интелектуалци, мислам дека партијата на Каракачанов, која е дел на власта и ја испорача оваа желботека, на следните избори во Бугарија, ќе биде меѓу најсилните. И ќе се замеша во парламентарниот живот на Македонија.

Ако добро го анализирате договорот од Преспа, ќе оцените дека Грците инсистираа на „својата историја” и „својата територија”. Како зрела демократија со експерти од правните и историските науки, тие знаеја дека на остатокот од Македонија ќе следува ривалство меѓу албанскиот и бугарскиот национализам.

Ние може да очекуваме куртоазна поддршка од некого, како од Хан, да речеме. Но без ефект. Кога се работи за големодржавните аспирации на соседите, чиј оган не е изгаснат двесте години, за жал, ние Македонците сме проблемот и пречката. Како најобични шарлатани ќе изигруваме партнерство. И ќе платиме голем данок поради неискуство и наивност“, вели Божин Павловски.

Поврзани вести

Back to top button