Живот

Болни бракови: Таа има 12, а тој околу 60 години

Нашминкано 12-годишно девојче позира пред фотографите и изгледа како да ќе се мажи за човек во средни години – што е само дел од ова шокантно свадбено видео.

Оваа застрашувачка снимка прикажува човек во одело, кој ќе биде нејзин иден сопруг, а кој е најмалку четири децении постар од неа.

Видеото е снимено пред околу три месеци во Либан, а предизвикало згрозување ширум светот.

Но, за среќа, невестата и младоженецот се само актери кои биле ангажирани во кампањата “KAFA” – што значи “доволно” на арапски, пишува The Independent.

Собирајќи повеќе од 1,7 милиони прегледи кога се појавило, видеото прикажува “прозор во друг свет”, каде илјадници девојчиња во Либан, Сирија и ширум светот се принудени на брак.

Речиси 15 милиони девојки помлади од 8 години, биле принудени да се омажат за постари мажи, понекогаш на возраст од 60 или 70 години.

Според податоците на ОН, повеќе од 1,2 милијарди девојчиња ќе бидат принудени на детски брак до 2050. година.

Сега владата во Либан претставила закон за кој се надева дека ќе мине, а кој бара од сите бракови да имаат цивилна регистрација во обид да се спречат ваквите бракови.

Поврзани вести

Back to top button