Живот

Бездомник со големо срце: Ти ми помагаше цело време, сега дојде време јас да ти помогнам тебе!

Анита Думешиќ на Фејсбук објавила фотографија од 1.000 куни и напишала како парите ги добила од бездомник во Карловац. И рекол дека ќе и се оддолжи и го одржал ветеното.

– Денес ми се случи нешто што во мене предизвика ерупција од емоции. Парите кои ги гледате на сликата ги добив од еден бездомник, поточно од Јожа Цаврича. Човекот кој сите го знаеме како “Јожа без раце”. Можеби некој од вас ќе помисли “Дали е тој оној алкохоличар без раце кој стои пред Лидл?”. Е да, баш тој – напишала Анита и додала:

Секогаш на минување му давав 5-10 куни. Често знаеше да дојде кај мене на работа и да праша дали имам нешто ситно да му дадам?. Му помагав колку можев и кога можев. Имаше средби, кога ќе ме насмееше, кога ќе ме налутеше, кога ќе ме натераше да размислувам, но сите тие средби секогаш завршуваа со зборовите “Ќе ти се одолжам јас тебе, ќе видиш”.

Сакам само да видите дека добро со добро се враќа, и дека сиромашните и бездомниците имаат поголемо срце. Земете го овој пример и размислете за тоа колку пати сте можеле да помогнете но не сте помогнале –  додала Анита.

Таа се обидела да му ги врати парите но секој нејзин обид бил безуспешен.

– Ти мене ми помогна, сега е време јас тебе да ти помогнам – рекол Јожа.

Нејзинит статус го споделиле многу и сите посакале да дознаат повеќе за Јожа.

Јожа по оваа случка завршил во болница бидејќи паднал и ја повредил главата. Тој добил оштета од сообраќајна несреќа во која настрадал пред две години и се раздолжил секаде кадешто бил задолжен и позајмил пари.

Поврзани вести

Back to top button