Свет

Без да трепне: Вака Караџиќ ја слушна пресудата дека е осуден на 40 години затвор

Радован Караџиќ е осуден на 40 години затвор. По пет години судење тој ја доби казната, а еве како регираше на пресудата.

Инаку Владата на Република Српска денеска оцени дека пресудата против поранешниот претседател на РС Радован Караџиќ, кој е осуден на 40 години затвор поради геноцид и воени злосторства за време на војната во БиХ (1992-1995), е политички мотивирана и не придонесува за помирување и воспоставување на взаемна доверба на народите од поранешна Југославија, јави СРНА.

На вонредната седница на Владата на РС беше истакнато дека пресудата е изречена против поединечно лице, а не против РС и беа отфрлени сите обиди да се злоупотребува одлуката на Трибуналот, насочени кон обвинувања на РС.

Владата на РС најави дека ќе ја обезбеди целата неопходна помош за обжалување на пресудата, собирајќи факти и документи, кои би можеле да му користат на Караџиќ

Поврзани вести

Back to top button