Бериша: Јас ги отворив депоата со оружје за да се вооружи ОВК
Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша првпат јавно „се пофали“ дека дал огромна помош за поранешната Ослободитечна војска на Косово (ОВК), посочувајќи „значаен“ детаљ од 1997 година, јави дописникот на МИА,
Гостувајќи во телевизиска емисија, Бериша рече дека „по падот на комунистичкиот режим во Албанија, тој одлучил да ги отвори вратите на воените депоа со оружје“.
Тоа, како што посочува, го направил од две причини, за да се постигне рамнотежа меѓу вооружените противници и неговите подржувачи и за да се вооружат Албанците од Косово.
– Дури ние како партија се организиравме да даваме оружје без пари, иако можеби се случувало и да се продава. Но,јас ги отворив воените депоа за да се вооружи ОВК, изјави Бериша.
Во познатите пролетни немири што се случија во Албанија во 1997 година, од воените депоа беа однесени над 700 илјади париња оружје, како и повеќе од 1,5 милони куршуми. Добар дел од нив, како што и тогаш јавуваа медумите завршиле во Косово.