Австрискиот канцелар разнесуваше пици
Австрискиот канцелар Кристијан Керн цела вечер разнасуваше пици во Виена, за да „биде поблизок до избирачите и да ги дознае нивните проблеми“, што ги засили шпекулациите дека неговата Социјалдемократска партија на Австрија се подготвува за предвремени избори, јави ДПА.
Керн облече црвена униформа и им достави пици на неколку семејства, со кои потоа разговарал за политички прашања што го засегаат обичниот народ. Секако, сето тоа беше снимено, а видеото објавено на официјалната Фејсбук страница на канцеларот и за еден час собра речиси 70 000 прегледи.
Овој потег предизвика позитивни коментари, но имаше и такви кои тоа го нарекоа „пица популизам”.
Австрија неофицијално е во предизборна кампања, иако редовните парламентарни избори се закажани дури за есента 2018 година.
Социјалдемократите и нивните коалициски партнери – десноцентристичката Австриска народна партија одрекуваат дека Владата планира предвремени избори.
Ако изборите во Австрија се одржат наесен наредната година, тие ќе се совпаднат со австриското претседавање со Европската Унија.