Апел за помош на 15 годишната Сара од Охрид
Охрид на нозе во знак на хуманоста.Бројни активности и акции се превземаат за собирање средства за лекување на 15 годишната Сара Настеска кај која е дијагностициран „Anemija Aplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.
Трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето.
Единствен сроден донор е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат над 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик а родителие неможат сами да ги обезбедат.
Граѓаните сметаат дека преку хуманитарно мобилизирање може де се помогнеме да се спаси млад човечки живот.
Викендов е полн со спортски хуманитарни активности се игра ракомет кошарка и фудбал потоа ,културни ,музички и други бројни настани а на повеќе локации во градот поставени се кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности и желба.
Сите добри луѓе уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Овој пат, за лекување на 15-годишната Сара Настеска од Охрид .
Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.
И на телефонските броеви:
T-mobile 143102
VIP 143480