Избор на уредникотМакедонија
Апасиев: Овој попис е за отпис на Македонците
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека во време на пандемија не треба да се прави попис. Тој на Канал 5 изјави дека ниту една држава во светот не попишува иселени.
-Ова е попис за отпис на Македонците како конститутивен народ – рече Апасиев, додавајќи дека ќе ги гонат властите за загрозување на јавното здравје.
Според него, процентите за тоа која етничка заедница колку ќе изнесува на пописот веќе се договорени.