Алкалоид бара кандидати за работа од 14 различни образовни профили
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, да ги остварите своите амбиции и визија за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати и доколку размислувате долгорочно, а сè со цел заеднички да придонесеме за растот и за развојот на една од најуспешните компании во регионот, внимателно проследете ја следната информација, пишува Алкалоид во огласот.
А Л К А Л О И Д А Д С К О П Ј Е
има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили:
1. Магистер по фармација – ВСС
2. Доктор по општа медицина – ВСС
3. Доктор по стоматологија – ВСС
4. Хемиски инженер – ВСС
5. Технолошки инженер – ВСС
6. Машински инженер – ВСС
7. Електротехнички инженер – ВСС
8. Лабораториски биоинженер – ВС
9. Фармацевтски техничар – ССС
10. Хемиски техничар – ССС
11. Медицински техничар – ССС
12. Електротехничар – ССС
13. Машински техничар – ССС
14. Бравари, котлари – ССС
Доколку сакате да влезете во листата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, Ве замолуваме да аплицирате на еден од следните начини:
– со достава на писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и на копија од сертификати и од други дипломи на електронската пошта [email protected], со назнака „За влез во потенцијалната база на кандидати“;
– со достава на писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и на копија од сертификати и од други дипломи по пошта на адреса бул. „Александар Македонски“ бр. 12, 1000 Скопје, со назнака „За Одделот за човечки ресурси“ или
– со креирање личен профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk.
Можноста за пријавување е отворена во текот на целата година.
Алкалоид АД Скопје го задржува правото, доколку се појави потреба во текот на годината, да исконтактира со заинтересираните кандидати.
date-icon Краен рок за пријавување: 31.12.2016