Мистеријата на македонскиот „голф“ што со месеци стои напуштен на тротоар во Сараево

Објавено: четврток, 14 јули 2016 во 11:25
Spread the love

Во сараевска населба Добриња, веќе неколку месеци возило од брендот Volkswagen Golf  со македонски, поточно, скопски регистарски таблици и избушени гуми, стои паркирано на тротоар.

golf2

Локалните станари на улицата реагираат за жолтото возило, што стои непоместено неколку месеци и речиси целосно го зафаќа просторот на тротоарот, пишува босанскиот портал Dnevni avaz.

Мистеријата се однесува на тоа кој е сопственикот на автомобилот и зошто би го оставил со месеци напуштен и тоа на несоодветно место. Или пак станува збор за украдено возило, па оставено тука.

Граѓаните преку медиумот апелираат локалните власти да го санкционираат проблем.