Свет

Албанци казнети со 14.000 денари – вееле албанско знаме

Очевидци раскажаа дека нивниот автомобил на хаубата и гепекот биле истакнат албански национални обележја и постојано свиреле и им дофрлале на минувачите. Албанските државјани се казнето со прекршочни пријави во Будва во паричен износ од 230 евра затоа што пред два дена ги развиле албанските државни знамиња и ги провоцирале туристите и граѓаните.

Тие се враќале од Европското фудбалско првенство од Франција и во Црна Гора и поминувале преку Црна Гора.

Албанците се приведени, а одлуката за казна е донесена од судија за прекршоци.

По пријавата, полицајците го претресле „голфот“ и ги привеле на сослушување во Центарот за безбедност.

По нивна наредба, албанските државјани ги симнаа знамињата од возилата.

Поврзани вести

Back to top button