Избор на уредникотМакедонија

Албанското знаме на оградата на Владата (ФОТО+ВИДЕО)

Албанското знаме вчера беше поставено на оградата пред Владата како и пораки испишани на албански јазик. Засега не е познато кој го поставил знамето. Видеото и фотографиите на Фејсбук ги објави  Блерим Ахмеди.

Тој во постот наведува дека полицијата им забранила да се соберат пред Владата за да не дојде до судир со демонстрантите од протестот кој денеска го оддржа ВМРО-ДПМНЕ.

– Во нашата порака, испратена до Владата преку транспаренти, го доживеавме и задоволството да го развиориме албанското национално знаме, кое заслужува да остане во оваа земја – пишува Ахмеди на Фејсбук.

ОД МВР потврдуваат дека знамето на Албанија било поставено, но како што велат на оградата која се поставува пред оддржување на протести.

– Група граѓани денес го ставиле знамето на оградата, се сликале и потоа го тргнале – велат од МВР.

Поврзани вести

Back to top button