Избор на уредникотМакедонија

АХМЕТИ: Прашање на време е кога ќе биде сменета химната, а со Зоран Заев сме разговарале и за смена на грбот и знамето, Владата демантира

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вчера во емисијата „Клан дебата“ откри дека со лидерот на СДСМ и коалиционен партнер Зоран Заев на маса веќе ги ставиле знамето и грбот на Македонија, а нова химна е само прашање на време.

-Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви, рече Ахмети.

Во однос на спорот со Бугарија, пак, Ахмети посочи дека не се решава ниту со прес-конференции, ниту со лидерски средби.

-Треба да се седне и да се превземе одговорност, а јас гледам подготвеност кај Зоран Заев да земе одговорност, вели Ахмети.

Смета дека ако отвориме графа во Уставот и за Бугарите како што има за Турците, Србите итн, според него многу ќе го амортизира прашањето со Бугарија.

Ахмети откри и дека планираат соработка со СДСМ на локално ниво за изборите, зошто тоа е во интерес и на двете партии.

-Сме соработувале и за да се избери и градоначалникот на Град Скопје и таа комуникација и соработка испадна добра. Актуелниот градоначалник на Скопје комуницираше и соработуваше и со албанските општини и не правеше селективни политики, рече Ахмети.

Зборувајќи за ребрендирањето на партијата и зелената агенда, Ахмети посочи дека големите сили излегле со иста агенда, полагајќи многу внимание на животната средина.

-Ова ребрендирање нè приближува до НАТО затоа што и НАТО излезе со зелена агенда. Исто така по нас и Г7 се ребрендира, а и Еди Рама по нас излезе со таква агенда. Тоа значи дека ние се мериме со нив, не се мериме со СДСМ и со ВМРО- ДПМНЕ. Зачувувањето на животната средина нема идеолошка дефиниција, лево или десно, рече Ахмети.

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, велат од Владата за МИА, по толкувањата во јавноста на изјавата на лидерот на ДУИ и коалициски партнер во Владата Али Ахмети околу државните симболи.

„Во изјавата на г. Ахмети не забележавме дека тој изјави дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта. Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој,  економија и повеќе па

Поврзани вести

Back to top button