Избор на уредникотМакедонија
Ахмед Смајовиќ од Скопје прескокна одделение како натпросечно дете, соучениците го нарекуваат: „штребер” и „бубалица”
Десетгодишниот Ахмед Смајовиќ од Скопје, годинава заврши петто одделение. Има способност брзо да чита, да разбере и да ја научи било која содржина. Посебен талент има кон математиката и странските јазици, пишува Мета.
Ужива да решава математички задачи и да учи нови зборови. Тој многу рано прозборел, а на неполни две години веќе користел реченици во својата комуникација.
До својата петта година веќе читал кирилично и латинично писмо и течно зборувал босански, македонски и англиски јазик. Математичките операции собирање, одземање, множење и делење ги совладал уште пред да тргне на училиште.
Читај повеќе на Мета.мк