Избор на уредникотСвет

Вучиќ : Признавање на Косово нема да има, Курти бара санкции за Србија

Србија јасно кажа дека сака да ги спроведе сите договори што се потпишани. Секогаш сме нагласувале само едно, тоа што го повторуваме 10 години, а тоа е дека Србија не може да го прифати членството на Косово во ОН, ниту независноста на Косово, изјави премиерот Александар Вучиќ по средбата со европските претставници. Покрај претставниците на ЕУ, Вучиќ и Курти разговарале и со таканаречената голема тројка – лидерите на Франција, Германија и Италија, пренесува сррпски „Телеграф“.

– Изразивме резерви за членството на Косово и Метохија во ОН. Подготвени сме за формирање на ЗСО, согласно предлозите што ги добивме, но ми се чини дека денес на сите им е јасно, без разлика на сите трикови, дека не станува збор за потпишување, туку за спроведување на потпишаното и договореното во меѓувреме, рече Вучиќ и додаде дека е неопходно да се постигне напредок, а на сите во Европа ќе им биде јасно кој го кочи напредокот.

Вучиќ нагласи дека од страна на Западот се применуваат двојни стандарди.

– Секогаш кога се повикувате на Повелбата на ОН, на резолуциите на ОН, како што гледате во случајот со Израел и Палестина, сите се повикуваат на ОН. Но, кога станува збор за Србија, тие сакаат да ги избегнат ОН и Повелбата на ОН. Тоа е зошто позицијата на Србија е тешка и мислам дека нема да биде полесно во иднина. Ќе се бориме за опстанок, ќе ја задржиме резолуцијата 1244 и ќе го почитуваме меѓународното право, истакна Вучиќ.

Од своја страна Владата на Косово соопшти дека Бриселскиот договор од февруари и Охридскиот договор од март годинава мора да се применат во целост, без условување и одложување, пренесува „Н1“.

По повеќечасовните состаноци на косовскиот премиер Аљбин Курти со европските функционери во Брисел, Приштина наведе дека Курти бил спремен да потпише договор со Србија, но дека претседателот Александар Вучиќ и овој пат тоа го одбил.

Косовската влада соопшти дека Курти истакнал дека, по нападот во Бањска на 24 септември, за него приоритет е безбедноста на Косово, особено безбедноста на границата со Србија од каде, како што кажал, дошле напаѓачите кои „извршиле терористички и криминален напад“.

Тој од европските функционери и лидери побарал да се казни Србија и да ѝ се воведат санкции, за настани како тој од Бањска да не се случуваат, соопштено е од Приштина.

Поврзани вести

Back to top button