Ристова-Астеруд до Зумбери: Намалете со заканите и уцените, никаде не мрдате без Македонците
Хмммм , што да се каже за екстремно (само)залажувачки политички илузии и оперираност од реалноста , па уште со заканувачки и уценувачки мотиви, па демек со нешто фурање геополитики? Ај нешто контра, ама брутално реалполитички и геополитички, за освестување, оти сериозно на типов и таквите како него ептен им треба, пред да се џилитаат со закани и уцени.
Нешто како, ај со среќа нека ви е, баш да видиме до кај ќе стигнете ?! Ај што Зимбери е скаран со елементарни (правни) факти и вистини, и за Швајцарија и за Македонија, а и со некои елементарни концепти , туку изгледа ептен е скаран и со евроатланските и ЕУ-перспективите на албанското сограѓанство во едни вакви сценарија што ги сугерира како божемно реални и животворни , па уште го продава најнечесно на рајата ? Аиии , и вака сега сте и вие меѓу оние со јак рејтинг меѓу државите и граѓанството во ЕУ, па со вакви сценарија дамбетер ќе ви порасне, така ?
Хммм, а како и со кого ќе одите ? Сами или со Косово заедно да не, оти само вас ве чекаат, малце маки си мачат самите? Како за почеток, минимум две-три вета одма можам да замислам, и тоа од оние најбетон тип, кога ќе те треснат, три метра под земја директно.
Со Албанија да не случајно? Кога ќе си удрат и они некои математики на својот пат, а и во домашен контекст, вакво политички радиоактивно ѓуле околу врат не им треба, да им урне и ним шансите, остај тоа, тапкање по грб, дали по национална, дали по националистичка основа.
Не си леткајте со паметот, ќе ви кажат, браќа и сестри, ај подобро да се видиме во ЕУ, ако ве примат, а? А што правиме со оние одвнатре ЕУ кога ќе почнат да ви вадат некои валкани вешови, кој по какви списоци го има по безбедносни служби (и тука и меѓу емиграцијата по Европа), па за што и тоа, па-па-па.
Зимбери, како стоиме со поддржувачите, логистичарите, доброволците и симпатизерите на оние од типот на ИСИС па натаму по спектарот, а? А кога ќе ви удрат па еден скрининг за вредносни матрици и ориентации, па каде се свртени нечии симпатии и лојалности, дали навистина кон Брисел и Вашингтон, или негде накај Среден Исток?
А, Зимбери, како стоиме со политичкиот ислам во заедницата, настрана надпросечниот за Европа религиозен конзервативизам и фундаментализам? Со соништата за теократии и теократски супрематии, укинување на секуларизам, слобода на говор и воведување бласфемија, хиџабизирање/никабизирање/буркизирање на жените и нивните права (дури и виртуелно, по ФБ, аш ги нема партнерките, мајките и сестрите на /семејни/ фотки), па полова сегрегација (не дека ја нема, на пример во Чаршија, аш жени по чајџилниците и сл.), итн.?
Да не мислите дека такви “разлики” сакаат во ЕУ? И замисли една делегација во Чаир да ви пуштат, ауууу, какви европски трендови таму се случуваат, саде по европски вредности, ма движечки “аки комунитер”, па замислете, ептен испупено на виделина, без тоа “Македонците“, “Бугарите“ и “Словените“, саде каури и инфидели, да го замаскируваат и упросечуваат .
Сѐ на сѐ , јаки ви се шансите , дури и би се кладела, појаки од оние на Ердоганова Турција. Ма сигурно , пред нив ќе влезете , ако се они толкаво државиште со мориња , па бафер граница и јака војска кон довчерашните им колонии на поранешните освојувачи и колонизатори на Византија, со ноторни историски големи апетити и бројни обиди и накај Европа ( некои и успешни привремено) и , нели, со бајаги референтно искуство и стаж со таквите мераклии во рамки на последниот историски калифат кој го укина Ататурк.
Плус, нив баш и ги нема по тоа безбедносните списоци за антиевропски и антизападни дејанија , а и имаат и јак џокер , “ бисерот “ за враќање назад на Европа – Константинопол/ Истанбул. Јас лично повеќе би се кладела на Турција , дури и сосе Ердоган , не на вас.
Така што , ај намалете со тоа џилитењето , агресијата , уцените и заканите , нигде вие не мрдате без “ Македонците “, “ Бугарите“ , Словените “ или како веќе милувате да ги викате , ок ? ( па уште , да потсетам , на толкав број држави -членки баш на “ Словените “ внатре во ЕУ, шест засега , почнувајќи од една од поголемите – Полска, така што , збогум памети ви е муабетот).
(ФБ статус на Каролина Ристова Астеруд, професор на Правен факултет, одговор на објавата на Абедин Зимбери, поранешен пратеник и командант на ОНА)