Следниве 13 симптоми треба да ги сметате за „узбуна“ дека со срцето нешто не е како што треба:
Болка во градите
Болката во градите е најчест симптом за срцев удар. Меѓутоа, не секогаш станува збор за интензивна и изненадна болка. Понекогаш повеќе наликува на неугодно чувство на тежина во градите. Оваа болка не е константна. Обично трае повеќе од неколку минути, па престанува, а потоа повторно се појавува. Може да се појави месеци пред инфаркт и затоа е важно на време да реагирате.
Болка во рацете или грбот
Мажите обично чувствуваат болки во левата рака, а жените во двете. Во раката чувствувате тежина, како да со неа не можете ништо да правите. Тоа може да биде знак на ангина пекторис или срцев удар. Болката може да почне во градите, а потоа да се пренесе на горниот или долниот дел од грбот. Ако болката доаѓа од никаде или ве разбуди навечер и не делува дека е поврзана со одреден зглоб и мускул, можете да се посомневате дека имате срцеви проблеми.
Болка во вратот или вилицата
Кога ќе ја почувствувате може да се појави како болка над рамената или стегање или болка во вилицата. Вратот исто така може да ве боли, како и да имате чувство на гушење и пецкање во грлото.
Необичен замор
Сите многу работат, па нормално е човек повремено да чувствува поголем замор. Но, доколку сте исцрпени во ситуации во кои обично не сте, тоа е предупредување дека можеби ви се заканува срцев удар. Во таквите симптоми спаѓа умор по вообичаени рутински вежби или обично одење во толет. Можеби ќе се чувствувате исцрпено, а нема да можете да заспиете.
Несвестица и мачнина
Уште еден непријатен симптом е чувството како да ќе се онесвестите. До губење на свест доаѓа кога крвниот притисок е низок и вашето срце не пумпа доволна количина на кислород во мозокот. Оваа состојба може да се појави и кога ќе добиете топлотен удар, но често причината е срцето. Мачнина и недостаток на апетит исто така може да бидат знаци за проблеми со срцето.
Потење и проблеми со дишењето
Ако имате сртев удар, веројатно ќе ве облие и пот, иако претходно не сте правеле ништо физички напорно. За време на инфарктот може да почувствувате студенило и стегање. Можеби нема да можете да земете воздух како да сте трчале маратон, дури и ако не сте се поместиле од кревет. Кога ќе легнете, можеби дишењето ќе ви биде уште потешко.
Кашлање и краток здив
Краткиот здив проследен во редовно кашлање и дишење можат да укажуваат на срцева слабост (инсуфициенција). Тогаш вашето срце не пумпа доволно крв која носи кислород до мозокот. Кога доаѓа до инсуфициенција, крв и течност може да се вратат во плуќата. Можеби тешко ќе дишите или ќе слушате штракање додека дишите. Може да искашлате розовкаста слуз. Ова е аларм за Брза помош или одење на лекар.
Отекување на нозете
Ќе го осетите во стапалата, глуждовите, нозете или стомакот ако имате срцев застој. Можеби ќе приметите дека обувките ви се тесни. Како протокот на крв од вашето срце успорува, крвта преку вените се враќа во него. Тоа предизвикува течност да се насобира на места каде што не треба. Бубрезите не можат да ја преработат водата и солта, што доведува до уште поголемо отекување.
Отежнато движење
Кога имате срцев застој, организмот повлекува крв и кислород од делови кои не се толку важни, како што се екстремитетите, и ги праќа во мозокот и срцето. Тоа го отежнува движењето. Редовните активности, како шетање куче или слегување по скали, ќе претставуваат проблем. Додека срцето слабее, едноставното облекување или одење до друга соба можат да бидат напорна работа.
Забрзан пулс
Кај инсуфициенцијата вашето срце се обидува брзо да го надокнади протокот на крв за да одржи ритам. Можеби ќе осетите како срцето да ви потскокнува.
Неправилна работа на срцето
Пореметувањето на срцевиот ритам како атријална фибрилација може да доведе до тоа да вашето срце не успее да ја стабилизира својата работа. Некои луѓе тоа чувство го опишуваат како срцето да трепери или како риба да им потскокнува во градите. Доколку не се лекува, атријалната фибрилација може да доведе и до згрутчување на крвта и мозочен удар. Можно е да не приметите ништо необично во начинот на кој вашето срце отчукува, но можеби ќе осетите недостаток на воздух, замор илио несвестица.
Гласно ‘рчење
Доколку тоа се случува секоја ноќ, можеби имате апнеја при спиење, состојба која предизвикува краткотрајни прекини во дишењето додека спиете. Поврзана е со атријалната фибрилација и може да го зголеми ризикот од појава на висок крвен притисок и дијабетес тип 2. Доколку не ја лекувате апнејата, ви се заканува ризик од состојби опасни по живот.
Еректилна дисфункција
Ако често го имате овој проблем, тоа може да биде знак дека имате срцево заболување. Крвните садови во вашиот пенис може да се запушат со наслаги, исто како што се блокираат и крвните садови околу вашето срце. Без добар проток на крв тешко е да имате и да задржите ерекција. Разговарајте со лекар доколку имате еректилна дисфункција за да најдете начин за нејзино лекување.