Зиков кој тврдеше дека Цвета не била грабната, можеби сама отишла кај бегот, сега тврди дека Србите спремаат дестабилизација
Љупчо Зиков предупредува на заканата од српското влијание во Македонија, новинарот и владин функционер во МЕПСО изјавата ја даде откако пратеникот и лидер на Демократската Партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ рече дека пописот што се изврши е фалсификуван откако бројот на Србите беше намален од 36,000 на 23,000.
Ние сме граѓани на Македонија и државата е должна да ни го даде тој одговор. Од пописот зависи степенот на остварување на правата. Така е наметнато со Охридскиот рамковен договор кој е составен дел од Уставот. Затоа е потребна контрола, побара Стоиљковиќ, кој најави дека неговата партија ќе спроведе свој сопствен попис на Србите.
Според Зиков, непризнавањето на пописот е сериозна закана за српско мешање во Македонија. „Стоиљковиќ за Сител кажа дека очекува дека ќе дојде до промена на уставно правниот поредок на државата… !?!? ‘Српскиот свет’ во Македонија очекува балканска драма. Ова пак значи дека и вакцините и пченицата на нос ќе ни излезат…!?!? Јас па мислам дека Стоиљковиќ не очекува, туку позитивно посакува промена на уставно правниот поредок на Македонија и има многу строго сценарио за тоа, на што треба да се внимава… Добро познато посакување е ова што го гледаме низ регионот. Сега прашање е дали ние ќе останеме ‘магариња’ и ќе го дозволиме тоа што Стоиљковиќ го очекува, напиша Зиков.
Претходно Зиков во гостување во „Само вистина“ на Канал 5 повика јавноста да се ослободи, како што рече, од историските митови како оној за грабнатата Цвета од „Македонска крвава свадба“ бидејќи како што рече можеби Цвета не била грабната туку сама пошла кај бегот.