Македонија
Жител на Виничко заврши во притвор поради обљуба над малолетничка
На 11.10.2022, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода В.С.(26) од с. Градец, Виничко, поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба над малолетничка.
Поднесена е кривична пријава против В.С. до ОЈО Кочани, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и тој е спроведен до Казнено-поправната установа – затвор Куманово.