Жириновски до Путин: Фрли им атомска бомба
Претседателот мора да фрли атомска бомба за да му покаже на Западот дека не се шегува, вели екстремистот.
Доколку се суди според Владимир Жириновски, лидерот на Либерал-демократската партија, решението за односите помеѓу Русија и западните земји е едноставно.
Тој го повикал претседателот Владимир Путин да фрли атомска бомба и да ги уништи Фарските острови, држава во Северното море, која е населена со околу 200.000 жители.
Целта на овој чин е Русија да покаже дека не се шегува и дека е решена да ја одбрани својата територија, смета овој екстремист.
“Во Северното море постои една мала држава која е населена од 200.000 жители. Службениците во Брисел би рекле – еве го островот. А потоа тој остров би исчезнал. Земјата повеќе не би постоела. Би покажале дека не се шегуваме и за што се способни нашите нуклеарни сили”, рекол сериозниот Жирновски во една емисија на ТВ станицатаRossia 1.
Секако, официјален Кремљ не го коментирал предлогот на Владимир Жириновски, кој на политичката сцена во Русија важи за комедијант. Меѓутоа, не треба да се заборави дека овој екстремист има големо влијание. Неговата партија има 56 од вкупно 450 пратеници во Думата, додека во регионалниот парламент има 212 од вкупно 3.787 пратеници.
Жириновски во својата програма има многу луди цели, меѓу кои се одземање на Алјаска од Америка, освојување на Авганистан, Турција и Иран, додека за Романија тврди дека е земја која ја основале Ромите од Италија.