Жена монструм осудена на доживотен затвор (ВИДЕО)
Џема Мичел (38) е првата жена чија пресуда беше пуштена во живо на телевизија.
Џема Мичел (38) од Брент, беше прогласена за виновна за убиство на Мој Куен Чонг и беше осудена на доживотен затвор денеска на првата телевизиска пресуда на една жена во Англија. Жената монструм ја обезглавила својата пријателка затоа што сакала да ги наследи нејзините пари, а пред да биде осудена оставила грозоморни информации за злосторството и каде го фрлила телото.
Во петокот, алтернативната терапевтка Џема Мичел (38) беше осудена за бруталното убиство на Мој Куен Чонг (67). Мичел ја убила г-ѓа Чонг откако таа одбила да и помогне да ја поправи нејзината трошна куќа и одбила да и позајми пари. Џема отиде во куќата на г-ѓа Чонг на 11 јуни минатата година, еден ден откако последен пат беше видена. На снимката од безбедносните камери Џема е видена како го напушта домот на несреќната жена носејќи голем син куфер.
Обвинителството сугерира дека Џема го чувала телото во својот дом до 26 јуни, кога тргнала со изнајмен автомобил заминала со обезглавеното тело на г-ѓа Чонг во куфер. Обезглавеното тело го пронашле туристите во шумата следниот ден. Подоцнежниот полициски претрес ја открил главата неколку метри подалеку.
Помеѓу 11 и 26 јуни, Мичел очигледно се обидела да си ги покрие трагите и им кажала на луѓето дека г-ѓа Чонг отишла да биде со своето семејство една година за да си ја расчисти главата. Мичел, исто така, фалсификувала копија од тестаментот на жртвата што гарантирало дека 95% од имотот ќе остане на нејзино име. Полицијата го пронашла лажниот тестамент во нејзиниот дом по нејзиното апсење, заедно со разни предмети кои и припаѓале на г-ѓа Чонг.