Македонија

Затвореници го претепале Бојан Јовановски-Боки 13

Тројца затвореници го претепале Бојан Јовановски-Боки 13 во затворот „Идризово“, објави „А1он“, по што тој се здобил со повреди во пределот на главата и со брза помош бил однесен во Ургентниот центар. Тој имал хематоми н телото.

Како што објави порталот, Боки 13, бил удиран и во пределот на абдоменот со кој веќе имаше здравствени проблеми и често и од притвор беше пренесуван на лекување во болнциа.

Од МВР го потврди настанот, за кој неофицијално постојат и видео записи од безбедносните камери во затворот.

„Во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Поврзани вести

Back to top button