Македонија
За капитални проекти следната година 5,105 милијарди денари
Буџетот на Министерството за транспорт за следната година е развоен и во најголем дел проектираните средства се расходи наменети за капитални проекти. Тие се позиционирани на ниво од 5 милијарди и 105 милиони денари, за 1,5 милијарди денари повеќе отколку во Буџетот во 2016 година, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Проектираниот буџет, посочи, треба да обезбеди високо ниво на реализација на капитални инвестиции во делот на гасификацијата, железничката и комуналната инфраструктура. Развојната компонента ни дава очекување за економски раст во 2018 година со акцент на зголемување на учеството на градежниот сектор во БДП бидејќи капиталните проекти очекувано се зголемуваат и по бројка и по квалитет.