Живот

За да им се одмазди на бирократите го платил автомобилот со монети од 1 цент

Американскиот бизнисмен Ник Стафорд не го мрзело да купи пет колички за градежништво за во голем стил да ја заврши својата одмазда.

Американскиот бизнисмен Ник Стафорд воопшто не го мрзело да купи пет колички за градежништво за во голем стил да ја заврши својата одмазда кон локалното Сообраќајно одделение поради бирократското „возење“.
Поради кавга со Сообраќајното одделение (Department of Motor Vehicles, DMV) од Сидар Бафа во Вирџинија, Стафорд решил да се одмазди со плаќање такса на возилото до 3.000 долари – со 300.000 монети.Каква е таа одмазда кога плаќање си е плаќање, би рекле, но овој бизнисмен точно знаел што прави. Тоа се толку многу монети, така што одвај ги собрало во пет колички за градежништво и целосно ја полудело машината за броење. Поради броењето на монетите, кое траело цели седум часа, вработените морале да останат подолго на работа, се до наредното утро.

Nick Stafford fills 1 of 5 wheelbarrows full of change, mostly pennies, Wednesday, Jan. 11, 2017, at the DMV in Lebanon, Va. Stafford was paying the sales tax on two cars that he was titling. Stafford had paid $165 to file three lawsuits in Russell County General District Court: two against specific employees at the Lebanon DMV and one against the DMV itself., which means he spent $1,005 to get 10 phone numbers and the satisfaction of delivering 300,000 pennies. Not to mention the nearly $3,000 he paid the DMV for the cars. (David Criggeru/The Bristol Herald-Courier via AP)
Nick Stafford fills 1 of 5 wheelbarrows full of change, mostly pennies, Wednesday, Jan. 11, 2017, at the DMV in Lebanon, Va. Stafford was paying the sales tax on two cars that he was titling. Stafford had paid $165 to file three lawsuits in Russell County General District Court: two against specific employees at the Lebanon DMV and one against the DMV itself., which means he spent $1,005 to get 10 phone numbers and the satisfaction of delivering 300,000 pennies. Not to mention the nearly $3,000 he paid the DMV for the cars. (David Criggeru/The Bristol Herald-Courier via AP)

Господинот Стафорд рекол за Би-би-си дека тоа го направил од протест поради безобразлукот и бирократското изживување во наведеното одделение.- Не е важно дали плаќате 300 долари данок на приход годишно, или 300.000 долари како јас, бидејќи ‘рбетот на слободната демократија и република почнува со транспартентноста на властите, и точка – ја завршил својата „лекција“ на бирократите Стафорд.

Во основата на оваа кавга лежи тоа што Стафорд преку телефон сакал да дознае што е потребно за регистрација и плаќање на данокот на промет за три автомобили на три адреси на куќите коишто ги поседува. Прво, воопшто не сакале да му го дадат бараниот број на телефон. Кога писмено се повикал на Законот за достапност на информациите, јавува „Бристол хералд курир“, добил број. Кога, меѓутоа, се јавил на бројот, службеникот му одговорил дека „ова не е број за информации на граѓаните“.

Некако му одговориле на она што првобитно прашал, но тогаш лавината веќе тргнала.Ник Стафорд тогаш за инает барал број во уште седум филијали па кога тоа му било одбиено поднел тужба на суд.Преку судот ги добил бараните броеви, кои потоа ги објавил на вебсајтот на компанијата, но судијата одбил да го казни Сообраќајното одделение и државните институции.- Тие се подготвуваат и понатаму да ми предизвикуваат грижи, затоа јас ќе се погрижам и ним да не им одговара – изјавил тој на новинарите.Потоа се досетил за монетите, кои според прописот од 1965 година (US Coinage Act of 1965) е „легално средство за плаќање за сите долгови, јавни плаќања, данок и такси“.

Во одмаздата вложил 400 долари за количките и уште надоместот за четирите часа работење со 11 работници кои ги отворале „фишеците“ со набавените монети и со нив ги пунеле кутииите – вклупно 726 килограми „ситно“.Сè на сè, локалните бирократи од Сообраќајното одделение добро ќе го запомнат денот кога одбиле да разговараат со граѓанинот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button