Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Терористите го снимиле сопственото умирање

Снимка направена со камера монтирана на шлемот на еден терорист за време на конечната битка со курдските пашмерги во близина на ирачкиот град Мосул, ги покажува хаосот и паниката во редовите на џихадистите.

Видеото го објави Вајс њуз, од каде што тврдат дека битката се случила 50-тина километри северно од Мосул во март 2016, иако не е наведен точен датум.

Пред почнувањето на борбите, еден од милитантите зборува во камерата за да ја каже својата „порака“ и „да зборува за маченичките операции кои се најбрзиот пат до рајот“.

Иако на почетокот џихадистите изледаат прилично самоуверени во своето импровизирано оклопно возило, храброста брзо им исчезнува среде паниката додека се обидуваат да ги најдат своите оружја и муницијата.

Милитантите изгледаат прилично изнервирани од еден соборец, кого го викаат „Абу Хаџар“, кој им ги копмлицира последните моменти од животите на своите „браќа по оружје“.

Терористите по некое време, и големи маки со оружјето, се принудени да го напуштат возилото откако турски проектил го погодува, убивајќи го возачот. Додека се повлекуваат, терористот со камерата е погоден и се слуша како вреска додека паѓа на земја.

Тој продолжува да пука додека се обидува да се заштити тркалајќи се по земја. Снимката набрзо завршува, најверојатно исто како и животот на терористот.

Поврзани вести

Back to top button