Свет

Водачот на бандата „Пинк Пантер“ пронајден мртов во Дубаи

Најважниот актер во спектакуларниот грабеж кој се случи во Дубаи во 2007 година, Борко Илинчиќ (35), бил пронајден мртов во својата затворска ќелија, пишуваат белградските медиуми.

Борко Илинчиќ бил „мозокот на операцијата“, кога на 15. \ април 2007 година во трговскиот центар „Вафи“ во Дубаи, криминалната банда наречена „Пинк Пантер“ од јувелирница однесоа накит вреден 11 милиони евра.

Групата на Илинчиќ со два автомобилa „aуди“ влетала во трговскиот центар го пробиле излогот на златарницата „Граф“ и за помалку од една минута ограбиле накит, дијаманти и часовници во вредност од 11 милиони евра.

Успеале да се вратат во атомобилите, кои откако побегнале ги запалиле.

Илинчиќ во февруари 2014 година бил уапсен во Мадрид, а во октомври минатата година од Шпанија е екстрадиран во Обединетите Арапски Емирати. Тој бил осуден на 10-годишна затворска казна.

Како што пренесуваат белградските медиуми, тој во затворот во Дубаи, најверојатно, починал од инфаркт.

Братот на починатиот заминал во Дубаи за да го преземе телото, а како што изјавил негов близок пријател, семејството се сомнева дека Илинчиќ не починал од инфаркт, туку смета дека бил убиен.

Поврзани вести

Back to top button