Живот

Во Копенхаген ќе има бесплатно овошје достапно за секој жител на градот

„ За градот размислуваме како на заедничка сопственост на сите граѓани. Ние сакаме просторот во кој што сите заеднички живееме да биде корисен и луѓето да бидат во контакт со природата “

Копенхаген е познат како еден од најзелените и најиновативните градови во светот, а неговите жители но и сите останати луѓе кои ќе се најдат во овој град, наскоро ќе можат да имаат бесплатно овошје во секое време од денот кое ќе можат самите да си го наберат.

Имено, според порталот Intelligentliving, советот на градот неодамна одлучил да засади овошни насади низ целиот град. Овошките ќе се садат во паркови, игралишта, околу цркви, училишта, факултети и други јавни места, а главната цел на оваа акција е на сите жители на градот и на сите туристи здравјето да им биде на дофат. „ За градот размислуваме како на заедничка сопственост на сите граѓани. Ние сакаме просторот во кој што сите заеднички живееме да биде корисен и луѓето да бидат во контакт со природата“ –изјави претставничката на градот Астрид Алер, која всушност ја започна оваа иницијативата. Сакаме на децата да им ја ​​приближиме природата и здравата храна.

Капини и јаболкници се само некои од растенијата што наскоро ќе бидат засадени, бидејќи данската престолнина се обидува да создаде интерактивен градски овоштарник. Со оглед на тоа што повеќето луѓе кои живеат во главниот град на Данска немаат свои градини и дворови, повеќето возрасни а особено децата не се во можност да го видат процесот на одгледување на овошје. Овој проект на градот би им помогнал да учат за природата и како да градат подлабоки врски меѓу луѓето во секоја област.

„Нас ни треба подабоко разбирање на системот на исхрана и едукација за тоа од каде доаѓа храната. За да ја промовираме оваа врска, во иднина ќе се залагаме и за тоа да донесеме повеќе домашни животни во зоолошката градина, за да можат децата поблиску да ги запознаат “, соопшти градскиот совет.

Покрај тоа, децата секогаш бараат нешто за грицкање додека шетаат низ градот, а на овој начин ќе можат самите да си земат поздрава варијанта.

Планот за правење на градски овоштарник, предизвика и низа критики. Некои жители на градот стравуваат дека овошјето ќе паѓа на велосипедските патеки. Други пак се грижат дека трошоците за одржување ќе бидат големи, трети велат дека ќе има многу оси и други инсекти.

 

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button