Владика Петар: Никој не сака да ни го смени името – сакаат сами да си го смениме
Сакаат да не доведат до ситуација самите да си го промениме името, а тоа значи македонско самоубиство, вели владиката Петар.
Обезличнени и обесхрабрени се Македонците во однос на очекувањата, за нас како држава, нација и црква, позитивно да се реши, прашањето за името. Деценискиот проблем во голем дел влијае и на Македонската црква. Иредентизмот, за кој говорат Грците, не е кај нас туку кај нив, вели за Алфа, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.
-Оној иредентизам кои Грците сега бараат да се искорени од нашето име, самите го создаваат кога на нивните протести извикуваат дека Македонија е грчка, изјави за Алфа, владиката Петар.
Ниту Грците, ни Бугарите, ниту Албанците и Србите, ниту пак меѓународните претставници, не сакаат да ни го сменат името, туку, нивната цел е да не доведат до ситуација самите да си го промениме, а тоа значи македонско самоубиство, вели владиката Петар.
Светиот архиерејски синод уште лани, во демември, упати писмово со јасна порака, Македонските власти да го зачуваат Уставот, да не се менува уставната позиција на уставниот јазик, да не се отстапува од македонскиот национален идентитет и да не се нарушува унитарниот карактер. Ова писмо ниту беше пренесено, ниту пак слушнавме никаква реакција од Владата.
Иако единствени во писмото, сепак само владиците Петар и Агатангел излегоа на чело на протест во одбрана на македонските интереси.
Видео на Телевизија Алфа