Македонија
Владата на ВМРО ДПМНЕ планирала изградба на нов град во Овчеполието
Владата на ВМРО ДПМНЕ планирала изградба на нов град во Овчеполието кај месноста Алакинци.
Владата за оваа идеја ја задолжила Агенцијата за просторно планирање да изготви план.
-На тој што ми текнало ваква идеја сигурно направил некаква анализа а јас бев човекот кој ја заврши таа работа со оглед на тоа што процесот беше веќе започнат. Јас мислам дека тој град би бил функционален и профитабилен. Идејата беше на почетокот таму да се населат 10.000 жители. Според планот требаше да се изградат станови кои би им се продавале на млади брачни парови кои за тие станови би плаќале 150 до 200 евра кирија се додека не ги исплатат тие станови, изјави архитектот Вангел Божиновски во емисијата Отворено на ТВ 24.