Во Русија пред неколку години беа погребани четворица млади луѓе,сите руски весници пишуваа за тоа. Беше недела, 10 часот наутро. Во едно семејство таткото му рече на синот: „Сине, денес е недела, појди во црква.А синот му одговори: „Татко, немој сега пак со истото. Уморен сум од твоето зборување за Бога.“
Синот излезе на улицата, каде што го чекаше еден пријател со неговиот нов автомобил. Таткото излезе пред вратата и му рече: „Сине! Почекај ме една минута…. Сакам да се помолам на Бога….Тој да биде со тебе.“
На задното седиште на автомобилот имаше две девојчиња од 17 години. Тогаш синот со подбив му довикна на својот татко: „Гледај, тато… Ги имаме пополнето сите седишта во автомобилот. За твојот Бог има место само во багажникот.“
Целото друштво се изнасмеа на шегата, и со голема брзина се упатија кон градското езеро. „Јас сум поранешен истражител, но не можам да искажам каква беше несреќата што се случи таму. Откако дознав за целата случка само можам да кажам дека не треба да се исмева Бог.
Тие премногу брзо возеле. На најблиската раскрсница „пролетале“ на црвено и од спротивната страна на нив налета огромен товарен камион.
Кога камион удри во нив, багажникот во кој го „сместија“ Бог беше отсечен од автомобилот и остана без огреботина, а сите млади луѓе во автомобилот беа смртно повредени и починати на самото место.“
Така е во нашите животи го ставаме Бога во нашиот животен „багажник“ а ние летаме некаде за нешто. На Бога Исуса не Му е местото во „нашиот багажник“ туку во нашите срца!