Живот

ВИДЕО: Вака Србин и Муслиман, пријатели 68 години, се простија еден од друг

Суно и Неѓа живееле еден до друг и ги споделувале животот, тагата, радоста, полни 68 години. Суно и Неѓа се Србин и Муслиман, пренесува Телеграф.

Тие живееле во селото Врхбарје кое се наоѓа во близина на Соколац во Босна. Биле како браќа се до потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во 1995 година. Тогаш БиХ е поделена на два дела, Муслиманско-хрватска федерација и Република Српска.

Луѓето мораа да се раздвојат.

Муслиманите одлучија да се иселат, иако многу години поминале заедно и во тоа место стекнале пријатели за цел живот.

Ова видео ја покажува другата страна на тоа што се случувало. Оваа страна е вистинската. Оваа страна е топла. Човечна. Не смееме да ја заборавиме.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button