ВИДЕО: Тројца крадци покрај 7.000 полицајци украле накит вреден шест милиони долари
Ограбувачи во Њујорк го искористиле дочекот на Новата година во ноќта кон неделата за да украдат накит во вредност од шест милиони долари пред носевите на илјадниците полицајци распоредени во непосредна близина, на Тајмс сквер.
Полицијата сѐ уште трага по тројцата крадци кои ги снимиле безбедносните камери на КГК холдинг, компанија за продажба на накит со седиште во Индија, соопшти детективот Ахмед Насер.
Околу 22 часот по локално време на 31 декември, додека речиси милион луѓе на Тајмс сквер ја чекале Новата година, а 7.000 полицајци се грижеле за нивната безбедност, тројцата крадци провалиле во зградата во која се наоѓаат просториите на компанијата. Се качиле на шестиот спрат и провалиле со железни прачки и чекани, по што испразниле два сефа со накит.
„Со пленот избегале веднаш по полноќ, додека прославата на Тајмс сквер кулминирала“, изјави Насер.
Не ги спречиле ни поголемиот број камион кои полицијата ги поставила како дополнително обезбедување. За среќа, во грабежот никој не бил повреден.