ВИДЕО: Стотици луѓе на погребот на момчето што ја бранеше мајка си од силувачот
Шестгодишното момче беше избодено до смрт откако се обиде да го спречи напаѓачот да ја силува мајка му, пишува британскиот весник „Индипендент“. Стравичниот напад се случи пред неколку дена во Јужноариканската република во градот Јан Кемпдорп, кога Сегомотсо Гаресапе ги водела своите два сина во училиште откако задоцниле на автобус.
Кога стигнале во близина на училиштето во Нортен Кејп, пред семејството се појавил маж кој мајката ја фатил за раменици и и барал пари. Кога го одбила, ја турнал назад и ја фрлил на под. Нејзиниот помлад син Кутлвано почнал да го удира по грбот, да вреска и се обидувал да ја спаси мајка си.
– Табисо (8) бил преплашен, но Кутлвано ме бранеше. почувствував дека тој маж ми го крева здолништето и сфатив дека сака да ме силува пред децата, се сеќава мајката.
Малото момче го одвлекло вниманието на напаѓачот и тој сега целата своја агресија ја насочил кон него. Додека мајката и постариот син потрчале по помош, напаѓачот го фрлил Кутлвано во воздух, а потоа го задавил и ги избодел со искршено шише.
– Го слушав своето дете како го довикува моето име и видов како се обидува да се одбрани. Но, човекот едноставно продолжуваше да го боде. Се чувствував толку беспомошно и трчав кон главниот пат во надеж дека ќе најдам помош. Но, сите ме игнорираа, вели мајката.
Полицијата подоцна го уапси 32-годишникот против кој сеуште се води истрага, а малиот Култван на погребот го испрати целиот град.