ВИДЕО: Полицијата влезе во Инфективната клиника во Косово: Пет пациенти починале за една ноќ, сите делеле еден респиратор?
Пет пациенти заразени со коронавирус починале од полноќ до сега на Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар во Косово, пишува Koха, пренесе „Слободен печат“.
Од утрово зајакнати се полициските сили во дворот на клиничкиот центар. Косовската полиција ја опкружи Клиниката за инфективни болести. Според непотврдени информации на Коха, на клиниката има проблем со респираторите, односно повеќе пациенти делеле ист респиратор и тоа е причина за зголемениот број мртви. Телата на починатите се земени на обдукција за да се проверат причините за смртта, односно да се провери дали имало лекарска грешка во лекувањето на пациентите.
Министерот за здравство Арменд Земај е виден како го напушта Клиничкиот центар, но не дал изјава за медиумите.
Во саботата починаа осум пациенти со Ковид-19 во Косово, а имаше 178 новозаразени.