Македонија

ВИДЕО: Македонка држела 40 Кубанки како секс робинки

Македонка измамила 40 Кубанки, па наместо да работат како танчерки во Анкара, таа ги направила сексуални робинки. Турската полиција уапси македонска државјанка која ќе  одговара  за организирање мрежа на проституција објавија медиумите од Анкара, бидејќи девојките кои ги лажела дека ќе бидат танчерки ги држела затворени во хотел и ги принудувала да даваат сексуални услуги.

Македонката организирала автомобил кој секоја вечер ги земал девојките од хотел и ги носеле кај претходно договорените клиенти, потоа ги враќале до квартот и ги затворале повторно во хотелот. Им биле одземени и пасошите.

Девојките се вратени во Куба а менаџерката од Македонија е во притвор.

Поврзани вести

Back to top button