Свет

Видео: Џихадист сакаше да се разнесе во црква, насобраните верници му се нафрлија

Само чудо ги спасило верниците што биле собрани во црква за време на богослужба во Северна Суматра, кога во храмот влетало 18-годишно момче со рачно направен самоубиствен појас. Момчето почнало да вика нешто неразбирливо, по што го покажало појасот и се обидело да го активира. За среќа на верниците, рачно направениот експлозив само изгорел и не дошло до никаква експлозија.

Шокираните верници, откако увиделе дека напаѓачот има проблеми со неговиот убиствен елек, веднаш му се нафрлиле да го спречат во намерата да го активира експлозивот. Го соблекле појасот од него, а откако се увериле дека веќе не е опасен, му се нафрлиле со клоци и боксови на младиот бомбаш самоубиец.

Од линчување момчето го спасила полицијата која пристигнала набргу. Според јавувањето на тамошните медиуми, кај момчето биле пронајдени и натписи слични на тие што ги користат припадниците на ИСИЛ. Сепак, не е јасно дали младиот напаѓач е навистина поврзан со најозлогласената терористичка организација во сетот. Претпоставките се дека се работи за локален верски фанатик.

Поврзани вести

Back to top button