Живот

ВИДЕО: Девојчиња плачат додека родителите ги тераат да се мажат

Потресната снимка од масовно венчање, на кое родителите буквално ги влечат и туркаат своите сосема мали деца во договорени бракови, била снимена во Раџастан, на северот на Индија.

Договорените браков се забранети со закон, но тоа не ги спречува родителите ширум Индија своите деца да ги венчаат на таков начин. Збунетите и расплакани деца се натерани да се држат за рака и да учествуваат во традиционален свадбен обред.

Посебно се вознемирувачки сегментите кога тинејџерка со замотано лице, која плаче под велот, буквално ја влечат за да се омажи, додека девојчето се спротивставува. Исто така потресна е сцената од 5-годишно девојче облечено во традиционална црвена хинду венчаница, која плаче на сиот глас додека татко ѝ ја води до идниот 11-годишен сопруг, исто така облечен во традиционална носија. Девојчето плаче за време на целиот обред.

Возрасните се сериозни, а децата расплакани. Оваа снимка дошла до полицијата, која го истражува идентитетот на родителите кои на овој начин го кршат законот, пишува Daily Mail.

Поврзани вести

Back to top button