Свет
Вест на лажен сајт предизвика Пакистан да му прати нуклеарно предупредување на Израел
Лажната вест дека поранешниот израелски министер за одбрана се заканувал со нуклеарен напад врз Пакистан доколку земјата испрати војници во Сирија предизвика жестоки контроверзии на Твитер меѓу Пакистан и Израел за нуклеарната енергија, вели Гардијан.
Сè почнало кога на 20 декември на сајтот АВД њуз се појавила вест насловена „Израелскиот министер за одбрана: Ако Пакистан прати копнени трупи во Сирија со каков било изговор, ние ќе ја уништиме земјата со нуклеарен напад“.
Во одговорот на лажната вест за изјавата на поранешниот израелски министер за одбрана, пакистанскиот министер за одбрана Каваја Мохамад Асиф го потсети Израел дека „и Пакистан е нуклеарна држава“.