Уште една народна победа: За 24 часа ги собравме средствата за тригодишната Срна!

За 24 часа се собраа потребните средства за лекување на тригодишната Срна. Граѓаните се сплотија и донираа и повеќе од потребните средства, за Срна што побрзо да го напушти болничкиот кревет.
„Успеавме да покажеме дека сме солидарни и за помалку од 24 часа средствата се собрани!“, напишаа од организацијата „ECrowd.mk“.
Срна има 3 години. Во октомври 2023 развива сепса како последица на уринарна инфекција што преоѓа во тешка форма на пиелонефрит и остава трајни оштетувања на левиот бубрег. По лекувањето се открива хидронефроза и камен од 11мм во левото бубреже. Додека семејството се бори со административните процедури за лекување надвор од Државна клиника, Срна добива нова сепса. Моментално е хоспитализирана во Систина каде што постои можност за нови испитувања, оперативно лекување и нејзино целосно опоравување. Ова го сведочат нејзините мајка и татко.