Свет

Уште еден Албанец е убиен во Сирија

Уште еден косовски државјанин, кој се борел на страната на терористичката група Исламска држава (ИД), е убиен во Сирија.

К.А. од селото Пестово кај Витина, е последната жртва од Косово во војната во Сирија. Тој живеел во Германија од каде и им се приклучил на џихадистите на ИД во Сирија, пишува електронското издание на приштнискиот весник „Екпрес“.

Со убиството на К.А., бројот на загнати Косовци во конфликтите во Сирија и Ирак се искачи на 75.

Податоците на полицијата потврдуваат дека во конфликтните подрачја се наоѓаат 195 косовски државјани, од кои 95 деца и 40 жени.

Поврзани вести

Back to top button