Упатени критики за односот на хрватската претседателка, ја нарекуваат „Алкохолинда“
Веселото однесување на хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, во текот финалето на Светското првенство во фудбал предизвика многу позитивни реакции во медиумите и на социјалните мрежи. Многумина ја пофалија нејзината спонтаност и емоционална отвореност.
Но, постојат и такви кои поинаку ги протолкуваа нејзините импулсивни реакции и на зајадлив начин ги коментираа истите. Така на пример германскиот таблоид „Билд“ излезе со насловот „Präsidentin Knutschovic“ односно претседателка кој сака бакнежи, а сега австрискиот весник „Курир“ објави напис под наслов „Алкохолинда: Хрватската претседателка критикувана од страна на медиумите“.
Имено, австриски „Курир“ пишува дека многумина се сомневаат во искреноста на емоциите на претседателката и дека истите не биле во согласност со политичката позиција која је претставува. Весникот наведува и дека српските таблоиди, Колинда Грабар-Китаровиќ почнале да ја нарекуваат „Алкохолинда“, поради теоријата дека претседателката испила некоја чашка повеќе поради што, како што се наведува, разбирливо станува и нејзиното однесување во текот на финалниот натпревар, по кој таа го прегрна и бакна секој кој и се приближи на пиедесталот.