Француска полиција го уапси Рамуш Харадинај, претседател на партијата Алијансата за иднина на Косово.Тој е уапсен врз основа на претходна издадена потерница на Српските власти. Според првичните информации, Харадинај моментално се наоѓа во еден од затворите во Франција, а во меѓувреме полициските власти на Франција ги информирале Косовските власти.
Инаку поранешниот командант на ОВК беше уапсен и во Словенијa поради истата причина.