Македонија

Три битолчанки се претепани од мажи

Тројца битолчани заработија кривични пријави бидејќи малтретирале и тепале жени. Првата пријава е поднесена против Љ.Т. (46) од Битола за нанесување телесна повреда. Тој под дејство на алкохол започнал расправија со неговата сопруга. Синот на неговата сопруга од првиот брак се обидел да ги раздели, но во тој момент насилникот го удрил во десното око нанесувајќи му повреда.

Педесетгодишниот В.Д. пак влегол во спалната соба на поранешната сопруга, со викање ја разбудил и со кујнски нож и се заканил дека ќе ја убие. Потоа почнал да турка и влече низ ходникот, но ги разделил нивниот син. Насилникот паднал во ходникот и повикал полиција.

Триесет и  четиригодишниот С.Р. пак започнал да вика по неговата мајка поради тоа што претходно го пријавувала за семејно насилство. После тоа и побарал пари, а кога му рекла дека нема, ја нападнал со тупаници и ја заклучил во спалната соба.

Поврзани вести

Back to top button