Тимот на САД ја почнува борбата против корумпираните кои ја цицаат крвта на народот: Кои политичари во Македонија треба да бидат загрижени?
Ние побаравме – Американците ќе испорачаат, вака накратко може да се објаснат последните активности на Амбасадата на САД која активно се вклучува во борбата против криминалот и корупцијата во земјава.
Дилемите, како што објави ТВ Канал 5, по чија покана американскиот тим истражители дојде во земјава ги расчисти министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој кажа дека откако Американците дале неколку милиони евра за реформа на правосудството, Владата побарала и експертска помош да се фатат и санкционираат корумпираните политичари, од сегашната, но и минатата Влада.
Овие истражителите треба да видат своевидна поддршка и асистенција за македонските институции, кои според најавите на владините претставници, сега по решавањето на големите прашања конечно ќе се фатат со работа да расчистат со криминалот и корупцијата.
Има и други случаи во други земји кога Американците давале ваква асистенција. Поранешниот македонски амбасадор во Вашингтвон, Васко Наумовски смета дека САД како стратешки партнери, немале да дозволат толку слаба и неефиксна борба против криминалот во партнерска држава членка на НАТО.
Не се знае точно каде и како ќе почне да работи овој таканаречен американски „тим за санкции“. Најава дека САД директно ќе се вклучат во сузбувањето на криминалот и корупцијата во земјава, американската амбасадорка Ангела Агелер ја даде уште пред да дојде во Скопје, кога во Белата куќа кажа дека фукусот на нејзината мисија во Македонија ќе биде ставање крај на неказнивоста.
Видеото на ТВ Канал 5 може да го отворите ТУКА.