Тепачки низ цела земја, еве што се има во полицискиот билтен
Тепачки, дрога, сообраќајки биле забележани во петокот од страна на МВР. Еве што се има во полицискиот билтен.
На 30.09.2022 во 14.10 часот пријавено е дека во Скопје, пред маркет на ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(33) од Скопје, и моторцикл „крос“, управуван од Б.А.(22) од Скопје. По несреќата Б.А. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетен сопатник од Скопје во патничкото моторно возило „опел корса“ во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ од лекар му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
На 30.09.2022 околу 19.30 часот пријавено е дека во Виница, на регионалниот пат с.Црн Камен-с. Јакимово, велосипедистот Б.М.(18) од с.Црн Камен, виничко изгубил контрола и излетал од коловозот. По несреќата велосипедистот Б.М. бил пренесен во Општата болница-Кочани, каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР-Виница
На 30.09.2022 во 22.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од полициски службеници е лишен од слобода Б.E.(48) од Р.Турција поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Фалсификување на исправа“( возачка дозвола и зелен картон). Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 01.10.2022 во 00.15 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници е лишен од слобода Л.Ф.(40) од Р.Албанија затоа што е утврдено дека бил баран со потерница од Основен суд Тетово. Лицето ќе биде спроведено до надлежната казнено поправна установа..
На 30.09.2022 во 11.10 часот во Полициска станица Центар К.М.(51) од Скопје пријавил дека во близина на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 30.09.2022 во 12.50 часот во Полициска станица Ѓорче Петров Љ.П.(65) од Скопје пријавил дека на ул. Ѓорче Петров бил каснат од куче скитник.
На 30.09.2022 во 19.30 часот на подрачје на Ѓорче Петров од полициски службеници од Единицата интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода М.С.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.10.2022 околу 01,10 часот пријавено е дека на крстосница од бул. ВМРО и бул. Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(21) од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Ј.(48) од Скопје. По несреќата Е.Ј. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
На 30.09.2022 во 23.10 часот на подрачје на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Е.А.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.10.2022 во 01.35 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е лишен од слобода А.З.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (30 септември) околу 14 часот и 50 минути, на улица “Видоја Смилевски-Бато” во Тетово, го лишиле од слобода 51-годишниот Џ.Џ. од гостиварско Србиново, затоа што при преглед му бил пронајден кокаин.Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчеравечер (30 септември) околу 22 часот, на улица “Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ј.(24) од Тетово кај кого била пронајдена марихуана.Се расчистува случајот и против А.Ј. ќе следува поднесок.
Вчеравечер (30 септември) во 21 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат Тетово-Требош, патничко моторно возило “форд” со италијански регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Е.Р. од тетовско Добарце излетало од коловозот. Во несреќата, сопатникот во возилото, 17-годишник од истото село задобил тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, а возачот телесни повреди.На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
На 30.09.2022 околу 15.22 часот во Скопје на крстосницата од бул. „Борис Трајковски“ и ул.„9“, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(46) од Скопје, удрило во велосипедистот М.П.(46) од Скопје. По несреќата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник, 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…
На 01.10.2022 во 04.00 часот во Полициска станица Струмица М.В.(30) од с.Турново пријавил дека околу 02.40 часот на излез од с.Босилово бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.10.2022 во 00.50 часот во Полициска станица Радовиш Ц.А.(51) од с.Ораовица, радовишко пријавил дека на 30.09.2022 околу 23.00 часот во Радовиш неговиот малолетен син заедно со уште еден малолетник, двајцата од с.Ораовица, биле физички нападнати од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 13.30 часот во Полициска станица Велес Е.З.(18) од с.Горно Врановци, Чашка пријавил дека околу 13.00 часот во двор од основно училиште во Велес тој заедно со уште неколку негови познаници биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 18.11 часот во СВР Скопје, Д. Ј. (22) од Скопје, пријавил дека околу 17.45 часот во приватна здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија околу ред за влегување, бил физички нападнат од Љ.Ч., кој употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 01.10.2022 во 01.10 часот во Полициска станица Бит Пазар Љ.Ч.(26) од Скопје пријавил дека на 30.09.2022 околу 18.00 часот во здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 околу 17.35 часот во Полициска станица Крушево било пријавено дека на ул.„Коча Миленку“, настанал пожар во куќа сопственост на Н.К.(49). Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Крушево. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крушево и ОВР-Прилеп.
Во текот на изминатата вечер (01.10.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на Секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, во координација со Управата за јавни приходи спроведена е акциска контрола во повеќе угостителски објекти на територијата на целата држава, како и контроли на лица и патнички возила.При контролата, пред објект во Гевгелија кај Д.С. од Гевгелија била пронајдена марихуана, додека во угостителски објект во Скопје кај А.З. од Скопје бил пронајден кокаин. Лицата се лишени од слобода поради основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик. Санкционирани се и пет лица поради непоседување на документи за лична идентификација.
На 01.10.2022 во 04.19 часот од Итна медицинска помош во Полициска станица Бит Пазар било пријавено дека од страна на К.С. во стан на ул.„Џон Кенеди“ бил пронајден починат нејзиниот сопруг Р.С.(70). Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош, без траги на насилство. По наредба на Јавен Обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.
На 30.09.2022 во 08.00 часот во Полициска станица Центар Д.Т.(26) и К.Н.(26), двајцата од Скопје пријавиле дека околу 03.45 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Центар, по претходна расправија, биле физички нападнати со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 13.40 часот во Полициска станица Центар Ј.Б.(41) од Скопје пријавил дека на 29.09.2022 околу 20.30 часот во близина на хотел на подрачје на Центар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 19.30 часот во Полициска станица Центар А.Д.(43) од Скопје пријавил дека околу 19.20 часот на подрачје на Центар по претходно недоразбирање околу сообраќајот бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 11.00 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Тетово 40 годишна тетовчанка била физички нападната од нејзиниот сопруг М.К.(44) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 20.15 часот во Полициска станица Бит Пазар Б.К.(45) од Скопје пријавила дека на 29.09.2022 околу 16.30 часот во близина на спортската сала на подрачје на Чаир нејзината ќерка била физички нападната од Ф.И.(59) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 22.00 часот во Полициска станица Драчево Н.Н.(51) од Скопје пријавил дека на ул.Иван Хаџиниколов бил каснат од куче скитник.
На 30.09.2022 во 20.00 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С.(57) од Скопје и Ш.С.(61) од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 околу 14.20 часот во Полициска станица Кисела Вода било пријавено дека по претходно недоразбирање околу паркинг простор на подрачје на Кисела Вода С.Н.(56) од Скопје физички ја нападнал И.Т.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 20,00 часот во Полициска станица Аеродром Б.К.(30) од Скопје пријавил дека во с.Долно Лисиче, скопско неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 01.10.2022 во 04.15 часот во Полициска станица Карпош 17 годишен малолетник од Скопје пријавил дека на 30.09.2022 околу 16.00 часот пред пекара на подрачје на Карпош бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 11.00 часот во Полициска станица Тетово е пријавено дека во автобус во Тетово и надвор од него во неколку наврати 16 годишен малолетник од с.Јегуновце, тетовско бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 15.30 часот во Полициско одделение Теарце Ј.Б.(42) од с.Јажинце, тетовско пријавил дека околу 11.00 часот во с.Рогачево неговиот малолетен син бил физички нападнат со тврд предмет од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 10.30 часот во Гостивар од полициски службеници од СВР Тетово лишен од слобода е Ф.Р.(47) од с.Чегране, тетовско затоа што околу 09,00 часот агресивно се однесувал и спречувал службено лице во вршење на службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 11.00 часот во Полициско одделение Галате Б.Ф.(42) од с.Градец пријавил дека околу 09.40 часот за време на одмор во училишен двор од основно училиште во с.Градец неговиот малолетен син бил физички нападнат со тврд предмет од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 23.50 часот во Полициска станица Тетово Д.А.(27) од Тетово пријавил дека околу 22.50 часот, додека бил на своето работно место како обезбедување на угостителски објект во Тетово, бил физички нападнат од М.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 23.00 часот во Полициска станица Гостивар е пријавено дека на 29.09.2022 околу 13,00 часот во Гостивар по претходна расправија 38 годишна гостиварчанка била физички нападнат од нејзиниот сопруг И.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 21.22 часот во ОВР-Прилеп, Х.С.(42) од Прилеп пријавила дека околу 15.30 часот по претходен телефонски договор со С.П. таа и нејзиниот син Ф.С. заминале во угостителски објект на подрачје на Прилеп каде таа била физички нападната од С.П. кој при тоа ја удрил и со пиштол. За настанот е известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 14.00 часот во Полициско одделение Велушина П.С.(59) од Битола пријавил дека на 29.09.2022 во 14.30 часот додека бил на своето работно место во фабрика во Битола бил физички нападнат од Р.У. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2022 во 22.10 часот во Полициска станица Струмица Б.И.(41) од с.Василево пријавил дека околу 21.30 часот пред продавница во с.Василево бил физички нападнат од О.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.