РелигијаТоп

Светиот свештеномаченик Автоном

Светиот свештеномаченик Автоном

Се оддалечи во времето на гонењето на Диоклецијан од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на Светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабожци. Свети Автоном отиде во тоа место и набргу многумина ги просвети со Христовото Евангелие. Тоа ги озлоби незнабожците и тие еден ден јурнаа во црквата на Св. Архангел Михаил во Сореос и за време на богослужбата го убија Автоном во олтарот, а убија и многумина други христијани во храмот. Во времето на царот Константин на гробот на Св. Автоном подигна храм некој царски големец Севиријан. Двесте години после својата смрт Св. Автоном му се јави на еден војник по име Јован. Тој Јован ги откопа моштите на светителот и ги најде сосема нетлени. И мнозина болни добија здравје од светите мошти. Така Бог го прослави оној којшто Него Го прославуваше за време на животот на земјата.

Тропар
Светињата ја раздаваше на светите, свештеномачениче Божји Автономе, народот во познание на Бога го приведуваше. Крвта твоја пред олтарот леејќи ја, душата во рацете Христови ја предаде, но устата која смртта ја замолкна, не престана за Христа да говори, во чудата извршени за наше спасение, по твоите свети молитви.

Светиот свештеномаченик Корнут, епископ Икониски

Родум од Никомидија од селото Салата. Беше веќе сосем стар кога настана гонењето во времето на Декиј и Валеријан. Некој мачител на христијаните Перениј дојде во Никомидија и почна да трага по христијани. Христијаните излегоа од градот и се сокрија, а нивниот престарен епископ не сакаше да се повлекува, туку сам лично отиде пред Перениј и се објави себеси како христијанин. Мачителот го врза и нареди да го влечат по градот, додека од него не истече многу крв. Својата света душа ја предаде на Бога под меч.

Тропар
Неверието човечко не може да ја прими благодатта Христова, ниту да ја поими силата Негова во слабоста пројавена, о старче праведен Корнуте, кој маченички за Бога страдајќи, остави примерен во верата свет живот епископски на паствата, од кого ние денес поучувајќи се, ги просиме твоите свети молитви пред Господа.

Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари

Сите пострадаа околу 300 година. Прво беа мачени, па убиени со меч. Пред својата смрт, Св. Јулијан Го молеше Бога вака: „На оние што ќе земаат од правот мој, подај им, Господи, простување на гревовите и стивнување на страстите. Нивните полиња нека не ги напаѓаат ни штетни птици, ни скакулци, ни гасеници, ни други смртоносители, а мојот дух прими го во мир.“

Тропар
Голема вера видовме во тебе при страдањата твои, о Јулијане, но величината твоја во Христа само Он ја знае, исповедниче на вистината. Напојувајќи се со благодатните молитви твои, кои ги просиме пред Седржителот, за секоја мака и напаст: „Осана на Бога во висините“ повикуваме, заедно со четириесетте гласови маченички, кои тебе кон Христа те следеа и на кои и ние чест и поклонение им воздаваме.

Преподобен Даниил од Тасос

Подвижник и основач на голем манастир. Современик на Св. Јоаникиј Велики. Бил присутен при посетата на Свети Јоаникиј на Тасос. Народот го молел прославениот Јоаникиј да ги ослободи од змиите. Светителот Му се помолил на Бога и змиите во огромен број јурнале во морето и се издавиле.

Тропар
Исповедник на иконите, пастир на монасите, соподвижник на Јоаникиј Великиот, старче свет, преподобен Данило, како благодатен подвижник те позна пустината и молитвеник на кого ние се надеваме, кој стигна пред Господ на славата во Небесната светла тишина.

Светите маченици Македониј, Татијан и Теодул

Пострадаа за Христа во времето на Јулијан богоотстапникот, а во местото Мероса Фригиска. Беа луто мачени заради разорувањето на некоја идолска статуа. Ги печеа на железна леса с ? додека не Му ги предадоа душите на Бога. Додека ги гореа на оган овие храбри мажи му се потсмеваа на мачителот: „Нема да пробаш од нашето месо како е испечено?“ И уште велеа, како славниот ѓакон Леонтиј: „Сврти н ? на другата страна, зашто оваа веќе се испече!“ Гледајќи ги и слушајќи ги мачениците на огнот, нивниот мачител беше многу поисплашен и позбунет одошто тие

Тропар
Огнот ја испита и очисти последната мака на падот Адамов, кога со радост поитавте облагодатени кон него, за да биде испитана верата и ревноста ваша во Господа, о Македоние, Татијане и Теодуле. Се посрами заблудата на мачителот и се зарадувавме ние и Ангелите на силата Христова, пред Кого припаѓаме, просејќи ги молитвите ваши.

Поврзани вести

Back to top button